Што е оптимизација?

2278

Под поимот оптимизација се подразбира изнаоѓање на алтернатива/решение со најефективен перформанс при одредени услови, со што се максимизираат посакуваните исходи, а се сведуваат на миниум несаканите ефекти.

Колку за споредба, максимизација значи обид да се постигне највисокиот, најдобриот резултат или исход без оглед на трошоците.

Оптимизацијата од друга страна е ограничена од недостаток на целосни информации и недостаток на време потребно за проценка на потребните податоци.

Како збор се среќава во многу индустрии, а секаде го има истото значење – да се постигне најдоброто што може, односно да се извлече најголемата полза од нешто.

На пример оптимизација на работењето на бизнисот – перформансот треба да ги даде најдобрите можни, ефективни резултати во дадените, моментални услови.

Под оптимален ефект се подразбира истото, односно постигнување на максимално добри исходи при одредени рестрикции, односно при располагање со ограничени средства.

Фото: Pexels