Доколку сакате вашиот производ/услуга да биде купен од страна на клиентите мора да ги има следниве карактеристики…
Функционалност
Тој треба да функционира онака како што треба, односно да умее да го реши проблемот односно задоволи желбата на купувачот…
Перформанс
Производот треба да “работи“ согласно наведените карактеристики од страна на продавачот, односно онака како што е истиот рекламиран.
Разумни цени и попусти
Иако не секогаш ќе можете да си дозволите да го продадете тоа што го нудите со попуст, потрудете се цената да биде разумна. Сепак не заборавајте на промоции и маркетинг тактики со коишто одвреме навреме ќе ја спуштите сумата и ќе привлечете поголем број на клиенти.
Врвна услуга
Клиентите многу повеќе би одбрале да почекаат за на крајот да бидат одлично услужени, отколку некој намуртен продавач сето тоа брзо да го заврши. Затоа потрудете се услугата да биде на врвно ниво.
Фото:Pixabay