Ги употребуваме секојдневно, постојат многу векови, а зад себе кријат и многу интересни факти. Во продолжение неколку од нив.
Во светот има вкупно 180 официјални валути.
Британската фунта е најстарата валута што се уште се користи денес. Таа датира уште од осмиот век, односно е стара 1.300 години.
Банкнотата од пет долари на Нов Зеланд го прикажува Едмунд Хилари, првиот човек кој се искачи на Монт Еверест на 29 мај 1953 година.
Првите банкноти, коишто потекнуваат од Кина, се познати и како “летечки пари“ токму поради нивната минимална тежина што била причина да “одлетаат“ и при слаб ветер.
Најмалата банкнота е романската 10 bani, којашто е пуштена во оптек во 1917 година. Нејзините димензии изнесувале 27,5 на 38 милиметри. Најголемата пак, чиишто димензии биле 22 на 23 сантиметри потекнува од Филипини
Само 8% од валутите во светот се физички пари. Останатиот процент припаѓа на дигиталните валути.
Од вкупно 28 земји во Европската Унија, 19 го користат еврото како своја валута.
На пацифичкиот остров Јап, како валути се користеле огромни камења коишто стоеле во центарот на градот. Сопствеништвото било договарано само преку усна согласнот.
Мјанмар (Бурма) во доцните 80-ти имаше економска криза, поради одлуката на претседателот да ја откаже секоја валута што не се дели со неговиот омилен број девет.
Adobe Photoshop детектира доколку некој се обиде да едитира слика од некоја валута, со тоа што не дозволува отворање/печатење на фајлот.
Древните Ацтеки користеле зрна какао како валута за мали секојдневни трансакции. На пример, малечок зајак вредел 30 зрна додека јајце од мисирка чинело само 3 зрна какао.
Фото: Pixabay