Како да ја подобрите комуникацијата во канцеларија

274

Добрата комуникација помеѓу колегите и претпоставените во канцеларија е клучна за продуктивност и за успех на компанијата.

Состанок

Се случува состаноците да не излезат како што било првично планирано, токму поради непланска организација и лоша комуникација. Ако сакате да имате успешен состанок на истиот треба да присуствуваат само оние луѓе кои се засегнати со темата. Исто така, треба да имате агенда и да се држите до неа. Состанокот ќе се смета за успешен ако присутните учествуваат со свои идеи и се поставени јасни рокови за одредени задачи.

Без прекинувања

За да може комуникацијата да се одвива непречено и продуктивно, треба прекинувањата на истата да се сведат на минимум. Важно е да се остане позитивен и да не се подлегне на провокации доколку ги има. Ако некој ве прекине, обратете му се по име, заблагодарете се на мислењето, но дадете до знаење дека прво сакате да ја завршите мислата, па потоа да слушнете коментари.

Почит

Секој треба да биде почитуван и признаен од останатите за своите заслуги и тоа што го работи. Доколку не сте задоволни по тоа прашање, обратете се кај претпоставените, но направете го тоа строго професионално. Дајте до знаење што досега сте сработиле и правете го тоа тактички секогаш кога има простор за самопофалба. Сепак, внимавајте да не изгледате егоистично и бидете вие први што ќе им честитаат на останатите ако успешно завршиле некој проект.

Фото: Pixabay