Најголемата компанија за експлоатација на злато казнета со 16 милиони долари

45

Mining machinery works at "pre-stripping" in the future open pit area of the Pascua-Lama mine straddling the Chile-Argentina borderВладата на Чиле ја казни најголемата светска компанија за експлоатација на злато, канадската Barrick Gold со 16,4 милиони долари поради кршење на законот за безбедност. Агенцијата за заштита на животната средина одреди казна поради излевање на контаминирана вода од нивно наоѓалиште на злато Pascua Lama во близина на границата со Аргентина, а работата им е забранета додека не докажат дека можат да го контролираат отпадот.

Рудникот на компанијата Barrick Gold се наоѓа на 5.000 метри над нивото на морето. Многумина не го поддржуваат овој проект, затоа што сметаат дека е штетен за здравјето на луѓето и за глечерите.

“Нашата влада е одговорна. Сакаме да го заштитиме здравјето на граѓаните и нашата околина. Треба да се решат проблемите со проектите што се одобрени пред многу години”, изјави Сесилија Перез, портпарол на владата.

Проектот Pascua Lama беше лансиран во 2009 година, во кој канадската компанија инвестираше околу осум милијарди долари.