Иако отпуштањето од работа зависи од компанија до компанија, односно од работодавачот, околностите и самата личност, сепак има неколку работи што се најчеста причина за отказ во многу организации.
На пример, 22% од работодавачите отпуштиле вработен за тоа што бил на боледување со лажна причина. Користењето на интернет за лични потреби натерало 24% од вработените да дадат отказ на работникот.
Честото доцнење, исто така, не се толерира многу, па така 41% од директорите отпуштиле некој од тимот поради таа причина.
Мал процент, односно на 17% работодавачи им пречело што некој вработен постирал одредена содржина на социјалните медиуми.
Освен овие и следниве неколку причини и лоши однесувања резултираат со отказ, па дури и легални постапки:
- Оштета на имот од компанијата,
- Поседување на алкохол и наркотици,
- Фалсификување на документи,
- Непослушност,
- Незадоволителен перформанс,
- Крадење,
- Земање на премногу слободни денови…
Фото: Pixabay