Под Војводина се наоѓа вистинско море од гас, според реални проценки вреден неколку милијарди долари, но најголем проблем до сега беше како да се извади. Меѓутоа, изгледа дека тој проблем наскоро ќе биде решен, пишува српски Дневник.
Имено, од Нафтена индустија Србија (НИС) соопштија дека со примена на нова техника на бушење е отркиено мало наоѓалиште на гас во Банат, што ќе придонесе за зголемување на производството на гас. Новата метода на бушење со мал пречник (slim hole) за прв пат се применува на овие простори со цел истражување на нафта и гас, а проектот е изведен во Научно – техничкиот центар на НИС. Користејќи ја оваа технологија, НИС планира до крајот на 2016 година да отвори вкупно 25 бушотини.
Србија е енергетски зависна земја, особено кога станува збор за природен гас, затоа што околу 90% од потребните количини ги увезува од Русија.