Facebook го купи стартапот CTRL-labs

76

Како дел од својата голема мисија да ги поврзе компјутерите и мозочните бранови, Facebook купи уште една компанија којашто се занимава токму со тоа.

CTRL-labs е старт – ап којшто развива уреди што ги декодираат мозочните бранови кај луѓето, пишува New Atlas. Овие мозочни бранови би можеле да се искористат за многу работи, на примeр, да им помогнат на луѓе со ампутирани екстремитети да контролираат протетички раце и нозе.

Купувањето на CTRL-labs ќе му овозможи на технолошкиот гигант повеќе да се фокусира на виртуелната и зголемената реалност, a cтартапот ќе се придружи на тимот Facebook Reality Labs којшто произведува готови производи.

Од Facebook очекуваат соработката да резултира со еден вид на стегач за на рака којшто ќе ги чита електричните сигнали добиени од невроните во рбетниот мозок.

Овие сигнали би можеле да ги управуваат рачните мускули, односно да им даваат насоки како да изведуваат разни движења. Сепак, наместо тоа уредот, односно стегачот ќе ги претвора во команди за дигитални направи.

Фото: Pixabay