Стартапот Alpaka од Мелбурн, Австралија, креираше магнетен ремен којшто оневозможува кражба.
Со помош на повеќе скриени џебови, корисникот може вредните работи како пари, пасош, клучеви и слично безбедно да ги зачува на Stealth Belt.
Изгледа и функционира како обичен ремен така што крадците не би приметиле дека може нешто да се крие внатре. Се приспособува на големината на корисникот и е едноставен за употреба.
Отпорен е на вода и лесно се чисти, а благодарение на нерѓосувачкиот челик е отпорен и на прашина. Доаѓа со неколку екстра елементи како титаниумски мулти алат, џеб за мобилен телефон и пасош, магнетен држач за картички и држач за слушалки.
Ова е седма по ред кампања на стартапот на Indiegogo, а пред три години за прв пат лансираа производ на платформата за групно финансирање.
Првите испораки на ременот се закажани за ноември годинава.
Фото: Indiegogo