Што бараат вработените од работното место

134

Што е она што ги мотивира вработените да бидат продуктивни и да се посветат на работата? Многумина ќе кажат дека тоа се примањата, но сè почесто се случува лошите работни услови да доведат до лош перформанс, па и напуштање на работното место.

Според анализата на Harvard Business Review, доколку местото каде што работат исполнува одредени услови, 16% од вработените се поефективни, 18% би останале таму, а 30% би ја одбрале токму таа компанија пред конкуренцијата.

Еве што бараат вработени и како изгледа тоа во проценти:

Квалитет на воздух – 58%

Соодветно осветлување – 50%

Квалитетна вода за пиење – 41%

Соодветна температура – 34%

Опции за здрава исхрана – 26%

Фитнес – 16%

Исто така, вработените не сакаат врева или уреди што прават бучава во канцеларијата, како на пример, ѕвонење на телефони, гласно удирање по тастатура и слично.

Според истражувањата, на вработени им е важно да имаат добри услови за работа, концентрација, здрава средина и храна, а многу помалку ги интересираат разните гаџети и уреди што некои компании ги имаат за нив.

Експертите советуваат дека работодавачите пред да се одлучат нешто да воведат како екстра во компанијата, да разговараат со вработени што навистина им треба.

Фото: Pixabay