Грешки во комуникацијата што не треба да се повторат

123

Можеби ќе се пронајдете во некоја од овие грешки. Сè е во ред доколку ја разберете порака и не ги повторите веќе никогаш.

Не прилагодување на соговорникот

Еден вид на разговор, една тема може да биде поинаку сфатена од различни луѓе. Затоа, прилагодете ја приказната или информацијата според слушателот, односно соговорникот.

Грешен тон

Без разлика какви се околностите, внимавајте на тонот. Вдишете длабоко, па потоа зборувајте. Погрешниот тон може да има негативни последици.

Криење на мислата

Не ја задржувајте мислата. Искажете се, што мислите и зошто е тоа така. Сепак, задржете ги добрите односно и не претерувајте со самодовербата.

Многу зборување, малку слушање

Една од најчестите и најукажуваните грешки е премалку слушање, за сметка на зборувањето. Ако сакате успешна комуникација, слушајте внимателно.

Грешната помисла дека ве разбрале

Не претпоставувајте дека сите ја разбрале вашата порака. Осигурајте се дека е тоа така. Можеби мислите дека е мала работа, но тоа може да има многу лоши последици.

Фото: Pexels