Традиционалните гумени опинци, што осум деценииги произведува српската фабрика Тигар, во последните неколку години добиваат на популарност.
Рачно изработени, овие опинци, освен на Балканот, се продаваат и на Далечниот исток, пишува РТС.
“Што се однесува до интересот во Јапонија, тоа беше насочено кон различните бои на опинци, како и на детските модели. Нашите нови опинци, што се модифицирани во однос на оние во 1935 година, ќе добијат и ексклузивна амбалажа и на пазарот ќе добијат сосема поинаква вредност“, велат од Тигар.
Годишно во оваа компанија се произведуваат околу пола милион опинци.
Фото: Tigar.rs













