Инженери вработени во Tesla развиваат нов и иновативен начин на ладење и греење на седиштата во автомобилите. Наместо досегашниот начин на контрола на температурата, со помош на воздух, оваа иновација го прави тоа со вода.
Воденото ладење и греење ќе биде активирано само на оние делови од седиштето со коишто патникот доаѓа во контакт. Се верува дека тоа ќе се постигне со два слоја материјал на седиштата, што ќе овозможи течноста да се движи без да се растури.
Ваквиот систем би обезбедил пониски трошоци, ниско ниво на врева и енергетски ефикасна метода за греење и ладење на автомобилските седишта.
Фото: Pixabay