Хрватскиот сладолед Lino Lada ја понесе титулата за најдобар во светот на овогодинешниот собир на International Ice Cream Consortium во Шведска.
Десертот е дело на најголемиот хрватски производител на сладодел Ledo, пишува Croatia Week.
Lino Lada со години е популарен сладок намаз, којшто за прв пат годинава беше претворен во сладолед. Производот на пазарот излезе во април и рекордно се продаде за само неколку дена. Ledo го креираше Lino Lada во соработка со компанијата Podravka.
Она што му донесе прво место на производот беше иновативниот мек прелив и уникатната форма, како и успешното “претворање“ на слаткиот крем во сладолед.
Фото:Facebook