За да можат роботите да ја испорачаат пратката треба самостојно да ја најдат вратата, односно крајната дестинација.
Досега тоа најчесто се прави преку мапирање на локации однапред, коешто пак покренува грижа за безбедноста и приватноста на корисниците.
За тоа да не биде проблем, инженери од Универзитетот MIT и компанијата Ford креираа технологија што овозможува роботите да се движат со помош на “потсетници“.
Овие потсетници се “влезна врата“ или “гаража“. Така роботите се тренираат да запомнат дека патот најчесто води до пешачка патека, а таа пак до нечија влезна врата.
Tехнологијата користи постоечки алгоритми коишто се потпираат на визуелни информации и ја означуваат околината со семантички “потсетници“ како “пешачка патека“.
Научниците ги користат ваквите алгоритми за да креираат мапа како што се движи роботот. Она што е новитет тука е можноста роботот сам да донесе одлука и да го одреди најефикасниот пат до крајната дестинација.
Фото: MIT