Motorola го претстави својот нов Razr паметен телефон, 15 години откако за прв јавноста ја запозна оригиналната верзија на отворање.
Новиот модел има 6,2 инчен екран што целосно се поклопува кога е затворен, вклучувајќи уште еден мал екран на надворешноста, пишува BBC.
Уредот ќе се продава по цена од 1.500 долари кога ќе излезе на американскиот пазар на 26 декември. Motorola моментално е под раководство на кинескиот гигант Lenovo, откако го купи од Google во 2014 година.
Според неофицијални извори, компанијата планира да пушти во продажба само 200.000 телефони.
Кога е затворен Razr има дебелина од 14 милиметри, додека оригиналната верзија имаше 13,9.
Надворешниот екран или Quick View display е за следење на известувања, одговарање на пораки, јавување и бесконтактно плаќање.
Фото: Motorola