ЕУ предлага укинување на роамингот

55

mobЕврокомесарот за нови технологии Нили Крос побара до следната пролет да се укине роамингот меѓу земјите членки на Европската унија и да се забрани блокирање на некои услуги како Skype.

“Сакате ли да ми се придружите во градење на нешто посебно од сега до европските избори следната година? Сакам да им покажеме на граѓаните дека ЕУ е релевантна за нивните животи. Сакам да одите во своите изборни единици и да кажете дека можете да им ставите крај на трошоците за роаминг”, изјави Крос во говорот во Европскиот парламент, додавајќи дека ЕУ би можела да има законски пакет за укинување на роамингот околу Велигден 2014 година.

Крос се заложи и за неутрален и отворен интернет, без ограничување на некои услуги. Некои телекомуникациски компании ги блокираат Skype или Viber апликациите кои овозможуваат бесплатно телефонирање преку интернет.

“Пазарите, уредите, мрежите мора да функционираат, а инвестиции мора да постојат. Не можеме да си дозволиме непотребни вештачки пречки кои во моментов се присутни”, порача Крос.

Намалувањето на цените на роамингот во ЕУ е еден од големите успеси на Европската комисија. ЕУ во 2007 година прв пат воведе ценовен таван на услугата роаминг за меѓународни мобилни разговори со цел постапно и целосно да се укине, односно да се изедначат цените на повици внатре во една земја и надвор во странство.