Познатиот бренд за долна облека, Victoria’s Secret го откажува годишното шоу коешто беше еден вид на заштитен знак и долгоочекуван настан.
Минатата година шоуто со ревија на долна облека имаше рекордно најмала гледаност досега и беше мета на разни контроверзии, пишува BBC.
Екстравагантната ревија на луксузна долна облека, топ модели и музички перформанси за прв пат започна од 1995 година.
Според матичната компанија на брендот L Brands, време е маркетинг стратегијата да помине низ некои евалуации.
Шоуто беше од исклучително значење за стартување на светска кариера на некои од најпознатите модели како Тајра Бенкс, Хајди Клум и Миранда Кер.
Продажбата на производите од Victoria’s Secret се должи и на лошиот перформанс од страна на L Brands, којшто забележа загуба од 252 милиони долари во третото тримесечје од годинава.
Фото: Facebook