Според анализата и истражувањето за последните 15 години од ОЕЦД објавено во 2015 година, државата ја напуштиле 20.000 граѓани. Од западноевропските држави предничи Германија со 14.000 граѓани. Статистиките покажуваат дека заминувањето на работа во странство најчесто се бара преку разни агенции и посредници. Но, има и такви случаи каде место легално да се вработат, тие завршуваат на работа на црно. Единствен услов за добивање работа во западноевропските земји е да поседувате пасош од ЕУ. Можете и ако сте од земјите од Западен Балкан, но само ако си најдете работа со работодавач и си обезбедите услови.
Што работни позиции се слободни во земјите на ЕУ
Македонските граѓани од разни работни профили се пробиваат на пазарот само да почнат да работат. Тоа се должи пред сè за вадење работна дозвола. Ова се однесува на граѓаните кои почнуваат како келнери, шанкери, разни мајсторски профили каде преку тоа се аклиматизираат. Потоа, откако ќе ги средат документите и ќе научат јазик на таа земја бараат работа со нивниот работен профил. Сепак, најбарани на цена се македонските доктори, кои секоја година ја напуштаат Македонија со научен јазик на државата во која ќе работат. Таму тие заработуваат од 3.000 евра, а со специјализација стигнуваат и до 7.000 евра. После следат медицинските сестри и негувателки за возрасни лица, кои многу лесно се вработуваат поради дефицитот од овие позиции. Платата овде изнесува од 1.800 евра до 3.000 евра во зависност од дежурства и смени. Да не ги заборавиме и шоферите на камиони и шоферите на автобуси. Поради сериозно поголемите примања ја напуштаат државата. Во некои случаи шоферите стигнуваат до плата и до 2.500 евра.
Борбата за пасош од Европска Унија
Најлесно до европски пасош, Македонецот може да дојде со натурализација или пак да извади преку нашиот источен сосед Бугарија. Но, се разбира, соседна Бугарија, бара да имате некој предок од фамилијата кој претходно бил деклариран Бугарин. Неофицијалните податоци велат дека до 100.000 македонски граѓани извадиле бугарски пасош. На ваков потег македонските граѓани се одлучуваат поради ниските плати. Коментарите одат дотаму дека кога се работи за животна егзистенција, националните бариери не постојат. Но, вработувањето не значи само обезбедување егзистенција. Бугарскиот пасош значи и предност за обезбедување социјални права, трудова политика и слободен пристап до сите права во ЕУ. Со бугарскиот пасош се вади трансакциска сметка во банка и социјален број. Тоа значи откако ќе се регулираат плаќањата кон социјалното, во иднина лицето ќе очекува и пензија од ЕУ.
Како да се информирате за работа во ЕУ
Најлесен и најбезболен начин, кој нема да ви изнуди дополнителни трошоци е сајтот на Тhe Еuropean Јоb Моbility Portal. На тој сајт ќе можете да се информирате за најважните работи – за професијата за која барате работа, во која држава има такви работни места, услови и критериуми, за плата, итн. Исто така, за оние кои не разбираат англиски или германски, може и да го променат јазикот. Тоа може да се направи во горниот ќош и јазикот да биде променет во најприближно ист јазик, хрватски или бугарски јазик.