Во фабриката Fiat Chrysler (FCA) во Србија е завршено производството на автомобилот 500 L, за оваа година и ќе биде продолжена на 15 јануари 2020 година.
Работниците на FCA во 2019 година имале повеќе од 130 дена платено отсуство, не сметајќи ги годишниот одмор и државните празници.
Од синдикатот наведуваат дека последните три години компанијата не објавува податоци за бројот на произведени возила во календарската година.
Како што пренесуваат српските медиуми, неофицијално во FCA во Крагуевац во 2019 година се произведени околу 40.000 500L, што е четвртина од вкупните фабрички капацитети.
Фото: Fiat