Пазарот на вештачка интелигенција во Кина ќе достигне 11,9 милијарди долари

75

Кинескиот пазар на вештачка интелигенција се предвидува да достигне 11,9 милијарди американски долари до 2023 година, се наведува во новото издание на Белата книга.

Благодарение на поволните политики, годинава се очекува инвестициите во Кина во вештачка интелигенција да бидат околу 12% од вкупните глобални инвестиции во таа област, што е за 64% повеќе од лани.

Тоа ја направи Кина втор по големина пазар на вештачка интелигенција во светот, објави CRI.

Според Белата книга, кинеските фирми годинава ги зголемиле своите инвестиции во технологија за вештачка интелигенција, што се применува во сè повеќе области. Кина ќе се фокусира на услугите, здравството и телекомуникацискиот сектор кога станува збор за потенцијалните области за примена на таа технологија.

Фото: Pexels