Највредни репрезентации во регионот се оние на Србија и Хрватска со вредност од 287,7, односно 285,35 милиони евра, покажуваат податоците на германскиот спортски портал Transfermarkt, а пренесува Al Jazeera Balkans.
Фудбалерите кои играат под знамето на Македонија имаат вредност од 56,7 милиони евра. Најплатен е Елиф Елмас, кој има 20 години и игра во Наполи, а неговата годишна заработка е 17 милиони евра. Меѓу петте најплатени репрезентативци на земјава се и: Енис Барди (15 милиони евра), Езѓан Алиовски (4,5 милиони евра), Илија Несторовски (четири милиони евра) и Стефан Ристовски (четири милиони евра).
Според податоците, највреден играч во српската репрезентација е Сергеј Милинковиќ Савиќ. Тој има 24 години, игра за италијанскиот клуб Лацио и заработува 65 милиони евра.
Од хрватската репрезентација, најплатен е 27-годишниот Марсело Божовиќ, кој игра во италијански Интер Милан и има годишна плата од 50 милиони евра. Светски познатиот Лука Модриќ, кој има 34 години и е дел од Реал Мадрид, заработува 20 милиони евра годишно.
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, според податоците, има вредност од 160,9 милиони евра. Најплатен играч, кој доаѓа од БиХ, е Миралем Пјаниќ. Тој има 29 години, игра за Јувентус, а заработката му е 70 милиони евра годишно.
Словенечката фудбалска репрезентација има проценета вредност од 159,75 милиони долари, а со највисока плата е голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Неговата годишна плата е 100 милиони евра, со што е најплатен играч не само во неговата земја, туку и во регионот.
Косовската репрезентација во фудбал има вредност од 69 милиони евра, а најплатен играч е Милот Рашица. Тој е напаѓач во германски Бремен и има годишна плата од 20 милиони евра.
Вкупно 29 милиони долари е вредноста на фудбалската репрезентација на Црна Гора. Најплатен фудбалер од овие редови е Адам Марушиќ, кој игра за Лацио и заработува седум милиони евра годишно.
Фото: Pexels