Huawei сака да гради фабрика на европско тло

47

Кинеската телекомуникациска група Huawei планира компонентите за своите уреди да ги произведува во Европа, пренесува АФП.

Веста доаѓа во време додека лидерот во 5G технологијата настојува да се избори со американските санкции.

“Планираме во иднина да произведуваме сопствени компоненти во Европа. Работиме на физибилити студија за отворање на фабрика во Европа, а изборот на земјата зависи од таа студија“, вели претседателот на групацијата Лианг Хуа.

Иако агенцијата не определува временска рамка за оваа инвестиција, Лианг изјавил дека тоа “може да се случи многу наскоро“.

Фото: Pexels