Уште една новина од Вип – нова Vip Enjoy летна тарифа, која на сите нови и постојни припејд корисници им нуди разговори за 1 денар/минута кон сите мрежи, како и бесплатен и неограничен интернет со секое надополнување на сметката, соопштија од операторот.
Нова тарифа започнува од денеска и ќе важи цело лето се до 31 август 2013.
Сите нови Вип припејд корисници ја добиваат новата Vip Enjoy летна тарифа автоматски, со новата Vip припејд SIM картичка. Постојните корисници можат да ја активираат едноставно, преку СМС порака со текст START на бројот 144 441. Активирањето на тарифата постојните корисници ќе ги чини 99 денари.
Vip Enjoy тарифата се активира еднаш, а се користат цело лето, односно до 31 август.
“Нашата заложба секогаш да им понудиме на корисниците најдобра вредност за нивните пари уште еднаш ја потврдивме преку оваа нова припејд тарифа и овој пат пресретнувајќи ги нивните очекувања. Ја креиравме Vip Enjoy тарифата тргнувајќи од фактот дека во текот на летото сѐ треба да биде подредено на забавата и уживањето, преку комуникација со светот и најблиските по најповолна цена”, изјави Џакомо Тољони, Главен маркетинг директор на Вип.
Цената за воспоставување повик со Vip Enjoy тарифата изнесува 2,9 денари. Интернетот е бесплатен и неограничен во првите 7 дена од секое надополнување. Доколку во тој период се надминат 500 МБ интернет сообраќај, корисникот продолжува со бесплатното сурфање, но со намалена брзина.