Виена до 2025 планира да биде водечка конгресна дестинација

182
Стратегијата на Виена за туризам до 2025 година опфаќа зајакнување на градот како конгресна дестинација. Првата фаза во спроведувањето на овој стратешки потфат е претставување на новиот виенски бренд Meeting Destination Vienna којшто е поддржан од туристичката заедница WienTourismus.

Конгресната индустрија е еден од водечките сегменти на туризмот во Виена. Според истражувањата учесниците на конференцијата во австриската престолнина трошат околу 540 евра на ден, што е двојно повеќе од трошењето на просечниот турист.

Само во 2018 година во овој град беа организирани 4.685 конгреси и состаноци, што резултираше со 1,9 милиони ноќевања во вредност од повеќе од една милијарда евра.

Градот нуди разновидна конференциска инфраструктура – од современи конгресни центри до барокни палати, добар јавен превоз и голема безбедност.

Фото: Pexels