OMV се повлече од Хрватска

51

omvАвстриската нафтена компанија OMV ја продаде својата филијала во Хрватска на компанијата Кродукс, соопштија од OMV. Договорот е склучен во февруари годинава, а по дозволата од телото за заштита на конкуренцијата, хрватски Кродукс од први јуни е сопственик на 62 бензински пумпи и канцеларијата во Загреб.

Вредноста на договорот не е соопштена, а бензинските пумпи во наредните шест месеци постепено ќе го менуваат името во Кродукс деривати.

Освен од Хрватска, OMV веќе се повлече од пазарот во Босна и Херцеговина, каде годинава ја продаде својата филијала на Нафтена индустрија Србија (НИС).