Perfitt – секогаш точен број на чевли

Потрагата за совршен пар чевли не е секогаш едноставна, имајќи предвид дека броевите варираат од производител до производител, па следува пробување на различни модели.

Perfitt може да ја промени оваа ситуација, а потрагата да ја сведе на минимум. Решението е едноставно, доволно е клиентот да го стави стапалото во Perfit R analyzer. Потоа две камери го снимаат стапалото и ги пресметуваат точните мерки.

Алгоритам Perfit AI ги пресметува мерките до милиметар со достапни обувки во продавницата. “Библиотека“ на достапни обувки се прави со помош на Perfit S којашто служи за мерење на внатрешни димензии на обувките, што овозможува некое стапало да се поврзе со совршено парче обувка.

Од Perfitt велат дека 86% од досегашните корисници биле задоволни со услугата, а очекуваат бројот да се зголеми со усовршување на технологијата.

Фото:Perfitt