Бизнис бонтон: Што (не)смеете да правите ако имате бизнис партнери од Нов Зеланд

Ако имате бизнис партнери од Нов Зеланд, тогаш овие неколку совети би ви биле од корист за да можете да изградите успешни бизнис врски со жителите на оваа островска држава во југозападниот дел на Пацификот.

Ако се среќавате за прв пат со бизнис партнерите од Нов Зеланд, најприкладен поздрав е ракувањето проследено со насмевка и поглед во очи. Иако Новозеланѓаните брзо создаваат непосредна комуникација, сепак се препорачува да им се обратите на формален начин. Важат за помалку резервирани луѓе, особено ако се во друштво на непознати, но штом ја воспостават комуникацијата, стануваат пријателски расположени. Ги почитуваат луѓето кои се искрени, директи и имаат смисла за хумор.

Кога треба да закажете состанок со бизнис партнери од Нов Зеланд, тоа треба да го направите најмалку една недела порано и тоа телефонски или електронски.

Доколку треба да закажете состанок, избегнувајте тоа да биде во декември и јануари, бидејќи тие месеци се резервирани за летен одмор.

Го почитуваат своето и време на другите, па затоа претпочитаат на состанок да пристигнат на време или некоја минута порано. Доколку задоцните, тогаш тоа може да им даде знак дека сте недоверливи и сметаат дека така мислите дека вашето време е поважно од нивното.

Пред да преминете на главните теми од состанокот, очекувајте некое време да зборувате на различни неформални теми. Ако од состанокот произлезе конкретна понуда, следува период на преговори, на којшто треба да бидете подготвени бидејќи бара време. Не се обидувајте да користите продажни тактики што подразбираат притисок, бидејќи Новозеланѓаните не сакаат на тој начин да донесуваат избрзани одлуки. Сакаат да одлучат врз база на детална анализа, понудени повеќе опции и развивање можни сценарија.

Кога станува збор за дрес кодот, ниту во Нов Зеланд има некои поголеми отстапки кога се работи за формалниот начин на облекување прифатен во деловниот свет.

Фото: Pexels