Мобилниот оператор Вип го донесе во Македонија најновиот паметен телефон BlackBerry® Q10, паралелно со светската премиера на овој прв паметен телефон. BlackBerry Q10 работи на новиот напреден оперативен систем BlackBerry® 10.1 и покрај екранот на допир има и физичка QWERTY тастатура.
“Иако со Z10 сериозно им се закани на своите конкуренти, BlackBerry сепак не ја напушти традицијата. Со најновиот паметен телефон BlackBerry Q10, искористени се сите предности што ги нуди новиот оперативен систем применет кај постариот брат, но задржана е и еден од најпознатите обележја за BlackBerry телефоните која за неговите многубројни фанови значи уникатност, сигурност, стабилност и престиж. Горди сме што повторно, најновото доживување од BlackBerry, им го овозможуваме и на корисниците во Македонија”, изјави Џакомо Тољони, главен маркетинг директор на Вип.
Телефонот ги поседува најнапредните технички карактеристики применети во неодамна лансираниот Z10. Тој се карактеризира со 1.5 GHz двојадрен процесор со 2GB RAM меморија со кој се овозможени големи брзини; 16GB интерен простор за чување податоци и простор за дополнителна мемориска картичка; 3.1 – инчен екран на допир со најнова технологија за висока густина, острина и јасност на сликата и секако редизајнирана физичка QWERTY тастатура, која овозможува голема прецизност при користењето.
Од денес, новиот BlackBerry Q10, кој работи со и без BlackBerry услуга, е достапен за македонските граѓани единствено во продажните места на Вип, по цена од 10.999 денари во тарифниот модел Vip Free+ Nolimit+ за склучен договор на 24 месеци.