И руски инвеститори заинтересирани за Adria Airways

80

Расте интерсерот за повторно воспоставување на Adria Airways, седум дена пред аукцијата за преостанатиот имот на автопревозникот што е под стечај.

Според ExYuAviation, група руски инвеститори покажаа интерес за компанијата и сакат да го користат сертификатот на компанијата и трговската марка за да ги продолжат услугите од словенечкиот главен град на неколку европски одредишта, користејќи ја флотата на поранешниот словенечки авиопревозник.

На почетокот беа поднесени пет незадолжителни понуди за имотот на Adria Airways, но сега различни субјекти искажаа интерес за компанијата, бидејќи и таа ќе биде понудена на аукција.

Имотот вклучува AOC, како и различни прирачници, упатства за операции, обуки, одржување, безбедност, временси прилики, управување со патници и со товар.

Фото: Facebook