Авторот на книгата Bodies on the Potomac, Даниел О’Нил уште во 1967 година како студентски проект осмислил спортски телевизиски канал. Таков канал денес е популарниот американски ESPN, но О’Нил не е личноста што направи милиони на ова затоа што ја пропушти неговата идеја, и ја отвори вратата за некој друг да профитира од истата идеја.
Идеите се само ваши
Лесно е за другите да се смеат на туѓите постапки и да го исмеваат оној што ги осмислил. Треба да имате храброст и да ја споделите вашата идеја со светот. Затоа, прифатете ја критиката, “тркалање на очите“ и продолжете. Идејата е само ваша и не ви треба одобрување од другите.
Идеите што ги избегнувате ќе ве прогонуваат
Кога ќе се откажете од една идеја, не дозволувајте тоа да случи и со следната. Немате што да изгубите ако се обидете да ја остварите. Можеби не ви е загарантирана мултимилионска заработка, но може да најдете кариера во која ќе уживате. Идеите сами по себе не нудат ништо повеќе од возбуда што ве обзема кога размислувате за нив, затоа искористете ги вашите идеи во практика за да не изгубите нешто што може да биде одлично за вас.
Фото:Pexels