Европското тело за осигурување ги идентификуваше областите на ризици за потрошувачите

125

На 19 декември 2019 година, Европското тело за осигурување и професионални пензии (ЕИОПА) објави извештај за трендовите на потрошувачите за 2019 година, во којшто се дадени главните движења во осигурителниот и професионалниот пензиски сектор што влијаат врз европските потрошувачи.

Забележани се подобрувања во објавување на податоците, а дигитализацијата останува во нагорен тренд, покажувајќи дека финансиските иновации може да им бидат од корист на осигурителните компании и на потрошувачите, доколку тие се правилно дизајнирани и спроведени.

Производите од несреќи и здравствено осигурување продолжуваат да бидат “одлична вредност за парите“, при што линијата за медицински трошоци има најголем сооднос меѓу побарувања и најниски стапки за провизии за производи за неживотно осигурување.

Прашањата поврзани со осигурување на производите, потоа, производи за животно осигурување поврзани со кредитирање, стануваат сè побарани, додека ситуацијата со побарувањата за моторно осигурување, особено на некои пазари, останува сериозен нерешлив проблем во овој период.

Повеќе можете да се информирате со кликнување тука.