Научниците заклучиле дека културата треба да биде достапна за сите, а во Англија ова важи со години, со оглед дека влезот во државните музеи е бесплатен.
Честите посети на театар, музеј или уметничка галерија можат да помогнат во продолжување на животниот век, според студија спроведена од University College London (UCL).
Истражувањето е објавено во British Medical Journal, со кое се потврдува влијанието на уметноста врз животниот век на една личност. Всушност, колку повеќе култура апсорбирате, толку е помала веројатноста да го напуштите овој свет.
Студијата предводена од д-р Дејси Фанкур од UCL открила дека луѓето кои честопати се вклучени во културни активности имаат 31% помал ризик од рана смрт отколку оние кои никогаш не “консумирале“ културна понуда. Дури и оние што еднаш или двапати годишно оделе во музеи или театри се 14% подобри од оние што воопшто не оделе.
Фото: Pexels