Зошто жените сè почесто на патување одат сами?

157

Секое патување е авантура само по себе, бидејќи носи нови искуства, пријателства, доживувања… Во светот полека станува пракса жените да ја одберат омилената дестинација и сами да патуваат. Порталот Hostelworld спроведе анкета меѓу жените кои патуваат сами, па тие сами откриваат зошто преферираат да патуваат сами одошто да бараат друштво за посета на омилената земја.

Во последните неколку години, дури 88% жени се одлучиле да заминат на патување сосема сами. Иако на некого тоа му е малку чудно, жените кои се одлучуваат на таков чекор велат дека тоа е сосема нормално.

“Слободата што ја чувствувате кога одите по сопствениот пак, додека ги откривате сопствените можности е само една од причините поради која жените одлучуваат да патуваат сами“, смета една испитаничка.

Некои жени одлучуваат да заминат сами на патување, за да остават зад себе некој проблем, стресен период, турбуленции на приватен или професионален план. Има и такви кои веруваат дека едно патување може да води кон друго, односно од едно место на земјината топка на друго.

Фото: Pexels