Њујорк ќе казнува продавници и ресторани кои не примаат кеш

51

Градскиот совет на Њујорк гласаше за забрана на продавници и ресторани без готовина, тврдејќи дека тие ги дискриминираат потрошувачите кои сакаат да платат со готовина.

Советот усвои предлог-закон со кој се бара продавниците во градот да прифатат американски банкноти и монети или ќе се соочат со изрекување на казни до 1.000 долари за прв прекршок и 1.500 американски долари за дополнителни прекршоци.

Градоначалникот Бил де Блазио се очекува да ја потпише решението.

Употребата на пари се намалува во многу области, бидејќи Американците сè повеќе користат картички и опции за плаќање преку мобилен уред.

Фото: Pexels