Дали би платиле над 500 евра за апартман од лед?

66

Недалеку од Јукасјарви, најсеверниот град во Шведска каде просечните температури се далеку под нулата, се појави вистинско уметничко чудо, пренесува Euronews.

Ледениот хотел Kiruna, којшто е вистинска атракција веќе три децении, е повторно отворен за посетителите.

Хотелот се реновира и отвора секој декември и прима гости до април. Содржи вкупно 15 уметнички апартмани, во чие создавање учествуваат уметници и скулптори од целиот свет.

Од 126 апликанти, избрани се 31 кандидат за да придонесат во дизајнирање на апартманите, како и на предметите – столови, маси, лустери, шишиња, разни украси… Исто така, има и бар со ледени чаши.

Користениот мраз доаѓа од Торнe, река од 522 километри, којашто ја формира границата помеѓу Шведска и Финска.

Посетителите за еден апартман треба да платат 538 евра.