Зошто се битни првите секунди кога запознавате нова личност

Во моментите кога ќе ве запознаат, или дури и пред тоа, луѓето формираат мислења за вашите особини: од вашиот статус, интелигенција, совест до лидерски вештини. Експертите велат дека потребни се само три секунди за некој да утврди дали му се допаѓате, дали ќе соработувате  и дали ќе ви биде пријател.

Понекогаш само еден поглед е доволен. Овие мислења се формираат на прв поглед:

Социо-економски статус

Луѓето формираат став за вашиот социо-економски статус на прв поглед. Една холандска студија открила дека луѓето кои носат  брендирана облека се смета дека припаѓаат на повисока класа и имаат повеќе пари.

Колку сте паметни

Во првите моменти луѓето формираат став за тоа колку сте паметни. Гледањето лице в лице додека зборувате ќе ве направи поинтелигентни, според студијата спроведена од Нора А. Марфи, професор на универзитетот Loyola Marymount. Носењето очила и јасен говор исто така може да помогнат.

Колку сте доминантни

Ова е исто така една од важните црти што луѓето автоматски ги оценуваат. Една студија на Универзитетот Pennsylvania открила дека ќелавите мажи оставиле впечаток дека се доминантни. Ова го покажа експериментот кога на учениците им беа прикажани фотографии на стотици луѓе. Студентите ги рангираа ќелавите мажи како доминантни.

Колку сте успешни

Ако сакате да оставите впечаток за успех, искористете ги првите моменти кога ќе сретнете некого, затоа што токму тогаш се формира мислење за вас по таа особина. Студиите покажаа дека луѓето што носат добро скроени костуми се рангирани како поуспешни. Покрај тоа што изгледате подобро, тоа ќе ви даде поголема самодоверба и затоа бидете послободни во комуникацијата, што дополнително ќе го подобри вашиот впечаток за успешност.

Имате  ли лидерски вештини

Ова мислење за вас е формирано на прв поглед. На студентите на еден универзитет им беа прикажани фотографии на менаџери на големи компании и побараа да ги оценат. Највисоки оценки добија оние кои навистина работат за најголемите компании, иако студентите не знаеја кои се луѓето на фотографиите.

Фото:Pexels