Штип, Струмица, Струга и Велес успешно го поминаа процесот на сертификација во рамки на проектот Сертификација со поволно деловно опкружување во ЈИЕ.
Како пилот општини вклучени во проектот што е во завршна фаза, денес ќе добијат сертификати на националната конференција што ја организира Сојузот на стопански комори (ССК) во партнерство со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на ЗЕЛС.
Цел на проектот е да ја развие регионалната соработка за подобрување на ефикасноста на општините во растечката меѓународна конкуренција во економскиот сектор.
Проектот е поддржан од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Подобрување на општинските услуги при Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), финансиран од германското Сојузно министерство за соработка и развој.