Маск со уште една добра деловна прилика за инвеститорите

По Тesla, чии акции се во центарот на вниманието во последно време, Илон Маск одлучи на инвеститорите да им понуди уште една прилика – Starlink.

Како што дознава Bloomberg, SpaceX планира да го издвои работењето со сателитскиот интернет во посебна компанија и со неа да направи иницијална понуда на берза.

“Компанијата Space Exploration Technologies до сега лансирала повеќе од 240 сателити во орбитата и планира до летото 2020 година да ги поврзе првите корисници на своите глобални интернет услуги“, најави претседателката на SpaceX, Гвејн Шутвел.

Фото: Facebook