Компанијата АрцелорМиттал АД Скопје (ЦРМ) го менува своето име, стои во предлог одлуката за измена на називот на друштвото, објавена на Македонска берза.
“Се врши промена на називот на Друштвото АрцелорМиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје на начин што сега називот на друштвото ќе биде: Либерти Акционерско друштво за производство и промет со производи на црна металургија – ладно валан, поцинкуван и пластифициран лим Скопје“, стои во предлог одлуката, што на 11-ти март ќе се најде пред Собранието на акционери на компанијата.
Скратениот назив на фирмата, како што се наведува, ќе гласи Либерти АД Скопје.
Фото: Pexels