Трикови коишто ќе ви помогнат да прочитате повеќе книги

Најуспешните луѓе читаат многу книги за една година, а преку овие едноставни совети и вие може тоа да го постигнете.

Студија којашто ја спроведе Истражувачкиот центар PEW, покажала дека луѓето во просек читаат четири книги за година дена, за разлика од оние кои се на водечки позиции и кои за тоа време читаат 48 книги. Голем број на луѓе пронаоѓаат изговори за нередовно читање, но тоа може да го промените.

Применувајќи ги следниве трикови ќе изградите навика на читање и ќе прочитате многу повеќе книги во 2020 година.

Направете распоред за читање

Ако не е во распоред, нема да биде завршено, барем не толку колку што сакате. Одредете период во денот за читање и придржувајте се до тој распоред. На крајот на седмицата направете распоред за цела недела и бидете истрајни во исполнување на она што сте си го задале како обврска.

Читањето како утринска навика

Ако наутро читате од 15 до 30 минути, во текот на денот ќе бидете попродуктивни и инспиративни, а и ќе се чувствувате како да сте направиле многу важна работа.

Читањето како вечерна рутина

Уште еден начин да бидете сигурни дека ќе прочитате многу повеќе книги е да воведете обврска дека ќе читате секоја вечер 30 минути. Тргнете го телефонот, изгаснете го телевизорот, оддалечете се од лаптопот. Покрај тоа што задоволни ќе отидете во кревет, докажано е дека читањето го подобрува квалитетот на сонот.

Ако книгата не ви се допаѓа, престанете со читање

Ако книгата не ви се допаѓа, престанете со читање. Освен тоа, ако наидете на дел што не ви е интересен, можете да го прескокнете додека не дојдете до она што ве интересира.

Носете ја книгата со себе

Ако ја носите книгата со себе, кога некаде мора да чекате неколку минути или повеќе, секогаш можете да ја извадите и квалитетно да го потрошите времето.

Фото: Pexels