Словенците испраќаат свој прв сателит во вселената

Првиот словенечки сателит, по седуммесечно одложување, ќе биде лансиран на 23 март, соопштија од Универзитетот во Марибор и Центарот Весоље-СЛ.

Сателитот, наречен Trisat и Nemo HD, беше проверен во Брно минатата недела, а специјален тим ги провери батериите на сателитот и ги дополни.

Исто така, надграден е и сателитскиот софтвер, се вели во соопштението, додавајќи дека сателитот ќе биде лансиран со ракетата Vega од космодромот во Француска Гвајана. Исто така, објаснува дека проблемите со ракетите биле причината зошто лансирањето досега било одложено.

Сателитот тежи пет килограми и ќе орбитира околу Земјата на висина од 530 километри. Во функција ќе биде околу шест години, а таму ќе биде со цел да се тестира работата на нано сателити во кои се вградени соларни панели. Ако тестирањето помине успешно тогаш овие панели, коишто се развиени во Словенија, ќе се продаваат во целиот свет.

Фото: Pixabay