Lemonade воведува осигурување на домашни миленичиња

135

Американска Lemonade ги објави своите планови за воведување нови производи во осигурувањето. Оваа компанија е решена да започне осигурување на домашни миленици. Оваа фаза е само најава, бидејќи компанијата во моментот поминува во процес на регулација. Производот за осигурување на домашни миленичиња нема да биде достапен сè додека не се заврши целокупниот регулаторен процес, што може да трае со месеци, изјави основачот и извршен директор Даниел Шрејбер.

Исто така, не се познати премногу детали за производот, како што е цената или видот на покриеност што ќе се понуди. Сепак, познато е дека ова осигурување ќе ги опфаќа исклучиво кучињата и мачките. Мал дел од сопствениците на миленичиња во САД всушност имаат осигурување од домашно милениче. Тоа се бројки кои се движат од 1 до 2%.

Во меѓувреме, 70% од клиентите преку Lemonade кои имаат договорно осигурување на домаќинствата се сопственици на миленичиња во исто време. Шрејбер објасни дека сопственоста на кучиња е еден од многуте фактори што оваа компанија ги користи за да ги утврди цените за осигурување на домови, затоа што кучињата понекогаш можат да бидат фактор за проценка на ризикот, како што е провална кражба. Околу 90% од клиентите во оваа компанија за прв пат купуваат полиса за осигурување.

Со оглед на овие индикатори, Lemonade проценува дека има смисла да се таргетира тој огромен потрошувачки сегмент со нов производ. Во исто време, Американците генерално трошат повеќе на своите миленици, околу 75 милијарди долари само во 2019 година.

“Здравственото осигурување на домашни миленичиња постои повеќе од 100 години, а се започна со коњите во Холандија. Наследник на тој тип осигурување е  автомобилското осигурување. Коњите беа начин на превоз, а осигурувањето требаше да ве заштити ако нешто се случи со тој начин на транспорт. Но, миленичињата сега се членови на семејството, што многу јасно ни кажува во кој правец се движи процесот на осигурување“, заврши Шрејбер.