Кевин О’Лири е канадски бизнисмен кој во неговата кариера којашто трае од 80 – те години има заработено милијарди долари. Сега е коосновач на фондот O’Leary и своите богати искуства од бизнисот сака да ги дели на различни конференции или на социјалните мрежи.
Една од неговите теории е дека суштината на бизнисот е константна војна. Без разлика колку оваа негова аналогија е точна, делува и сурово. Еве што О’Лири вели:
“Кога почнувате бизнис мора да сфатите дека се натпреварувате на светски пазар. А бизнисот е војна. Имаме победници и губитници. Бизнисот е бинарен. Црн или бел. Или ќе направите пари или ќе ги изгубите. Секој ден мора да се разбудите и за своите пари кои сте ги инвестирале во свој бизнис да размислувате како за војници. Тие одат во војна и сакате да се вратат со заробеници и да се вратат живи. И кога губите пари, вие “убивате“ свои војници. Го убивате крвотокот на вашиот бизнис. Секој долар што ќе го потрошите мора да се врати со заробеници, бидејќи тоа значи уште долари. Тоа е суштината. Мене не ме интересира што работите и каде работите. Може да работите во било кој град на светот, но таму некаде постои ваш конкурент кој ќе работи секој ден и ќе ви зема клиенти и затоа секој ден треба да се будите во страв“.
Фото:Pixabay