Дали вашиот шеф е на вистинското место?

213

Дали некогаш сте дале отказ за да побегнете од лош шеф? Истражување на Gallup покажало дека еден од двајца американски работници во некој момент во кариерата имале чувство дека мора да донесат тешка одлука поради лош шеф.

Истражувањето наречено State of the American Manager: Analytics and Advice for Leaders, покажало дека големите компании постојано на раководни позиции става погрешни луѓе, за што на крај плаќаат со лоши деловни резултати.

Но, Gallup, исто така, откри по што најдобрите шефови се разликуваат од другите.

Повеќето шефови не се за позицијата на која се поставени

Веројатно најважното откритие и заклучок на истражувањето е тоа што многу компании користат лоша методологија кога избираат луѓе за водечки позиции. Она во што грешат е што се потпираат на неговото претходно искуство, па го наградуваат давајќи му нова улога. Во 80% од случаевите, таа одлука им се одбива од глава, бидејќи тоа што биле успешни на нивната претходна позиција, воопшто не значи дека ќе биде подеднакво добар и на новата.

Супер менаџерите ги поседуваат овие особини

  • Се трудат да ги надминат сите препреки
  • Имаат создадено култура на одговорност
  • Градат односи на доверба
  • Донесуваат непристрасни одлуки за добро на својот тим и компанија
  • Знаат да ги мотивираат вработените

Gallup потврди дека комбинацијата на овие таленти е ретка и постои кај еден од а0 шефови.

Шефовите најмногу влијаат на ангажманот на своите вработени

Со одбирањето на вистинските луѓе за лидерски позиции во компанијата, се отвораат вратите за добри прилики, бидејќи според истражувањата, шефовите носат 70% од одговорноста за успешноста на своите подредени.

Компаниите каде вработените се среќни и задоволни, (а на тоа често влијае добриот шеф, отколку добрата плата), постигнуваат подобри резултати во продуктивноста и иновациите и има помалку боледувања и доцнења на работа.

Шефиците поефикасно ги движат работите

Уште еден детал откриен во истражувањето е тоа дека вработените кои имаат шеф за жена во просек се 6% поангажирани и се трудат, за разлика од оние кои работат за мажи.

Супер шефот се фокусира на силата, а не на слабоста

Истакнувањето на позитивното однесување на луѓето се покажа како многу поуспешен пристап за да се поттикне ангажирање на вработените отколку критикувањето работници.

Шефовите кои ги почесто ги мотивираат своите вработени постигнуваат подобри резултати.

Фото: Pixabay