Започнува свој бизнис – инспирирана од тематски паркови во големите градови

124

Во Загреб на пролет ќе се отвори прв тематски парк за деца. MiniPolis е инвестиција на млада претприемничка Инес Гашо, којашто во недостаток на квалитетни содржини за сопствените деца одлучила во Хрватска да развие нов концепт.

Слични тематски паркови постојат во големите градови како Дубаи, Лондон, Будимпешта од каде Гашо добила инспирација, по многуте часови кои таму ги поминала со своите две деца.

Поранешната директорка за маркетинг и продажба одлучила да започне свој бизнис. Висината на инвестицијата на затворениот простор од 1.000 квадрати, таа уште не го открива, пишува Пословни дневник.

“Овој проект по многу нешта се разликува од постоечките игротеки коишто имаат слични содржини, каде родителите ги оставаат децата да поиграат. Нашиот концепт е замислен низ тематски програми, интерактивни работилници, дидактички содржини и учење на вештини преку забава, а ќе ги користат цел живот. Во нив може да учествуваат и родители, а очекуваме и деца од предшколска и школска возраст“, објаснува Гашо.

MiniPolis е реплика на мал град којшто има свој плоштад, улици, продавници, банка, фризерница, цвеќара, пекара… сместени во тематски куќички. Не се само излози, туку и интерактивни содржини коишто децата ќе може да ги користат. Програмата ќе се реализира во соработка со партнери.

“Сите како деца сме сакале да играме стоматолози, пожарникари, фризери, продавачи. Кај нас децата ќе добијат можност да се соживеат со тие улоги, со највисоко ниво на безбедност. Ќе имаме на пример работилница за изработка на вистински пецива кои децата ќе ги замесат, а ќе ги испечат со помош на наша асистенција, работилници за сигурност во сообраќајот, безбедно користење на интернет…“, објаснува Гашо.

Дел од програмата ќе биде усогласена и со училишните програми, па така се очекуваат училишни групи не само од Загреб, туку и од други места.

Фото: Pixabay