Импресивен потег – службеници ќе добиваат плата според оценките од граѓаните

Хрватскиот град Света Недела за своите службеници воведува фиксен и варијабилен дел на платата којшто ќе зависи од тоа какви оценки добиле од граѓаните. Овој револуционерен потег го најави на својот службен профил градоначалникот Дарио Зуровец.

“Први во Хрватска воведуваме оценување на вработените од страна на граѓаните и плати и награди според оценките, со што воведуваме фиксен и варијабилен дел на приход. Претставивме апликација преку која граѓаните ќе може да ги оценат вработените по користењето на услуги во градската администрација“, напиша Зуровец.

Вработените во градската администрација ќе може и меѓусебно да се оценуваат, а резултатот од тој процес ќе биде ранг – листа на вработените според оценките.

Оценувањето на вработените ќе започне од први март 2020 година, а ако градскиот совет ја усвои таа одлука, тоа ќе се види на платите на вработените на први јули годинава.

Фото:Pixabay