Животни лекции од Мишел Обама

360

Мишел Обама, поранешната прва дама на САД, не беше само верна “сенка“ на својот сопруг Барак Обама, додека тој ја вршеше највисоката функција во Америка. Таа остави длабок печат во светот по начинот на којшто ја користеше својата позиција и моќ.

Таа во своите мемоари ги наведува седумте правила, поради кои успеала да постигне среќа во животот, а кои можете да ги почитувате и вие:

Неуспехот како лекција

“Единствен начин да успеете во животот и единствен начин да научите нешто е прво да не успеете. Не е важен неуспехот, туку она што ќе го направите потоа. Дали ќе се откажете или ќе станете уште посилни“, вели Обама.

Предизвикот не е недостаток

“Никогаш не гледајте на предизвиците и на пречките како недостиг. Разберете дека совладувањето на пречките е најголема предност што може да ја постигнете. Тоа го знам од лично искуство“, вели поранешната прва дама на САД.

Бидете свесни за своите вредности и никому не се извинувајте за она што сте

“Тажно е што живееме во свет каде луѓето се “делат“ според парите, социјалното потекло, бојата на кожата и други суштински неважни карактеристики“, вели Мишел Обама.

Научете сами на себе да си бидете приоритет

“Жените од раѓање се ќерки и сестри, потоа сопруги и мајки, па најчесто се ставаме на крајот на листата на приоритети. На тоа мора да му дојде крајот, додека не сте ја изгубиле својата енергија, волја и љубов“, порачува Обама.

Кога е тешко – забавувајте се

“Некогаш е полесно, некогаш потешко, но знам од сопствено искуство колку е важно во тешки ситуации да се смеете. Во ред е и тогаш да се насмеете“, смета таа.

Фото: Facebook