За жените иако се вели дека се понежен пол, тие во себе имаат голема сила и моќ за да направат големи промени за целиот свет. Овие жени, според Factinate, биле хероини на своето време, со храбро срце, силен дух, истрајност…
Марија Кири
Научник од Полска, чиј изум и денес е важен за целиот светот. Таа беше првата жена што е добитник на Нобелова награда, поради откривање на радиумот. Кири никогаш не ги патентираше своите изуми, сметајќи дека тие се за доброто на човештвото, а не за личен профит. Се верува дека била болна од апластична анемија поради долготрајно изложување на радијација во текот на нејзините истражувања.
Кетрин Швајцер
Нејзиното име во историјата ќе биде забележано како прва жена што го истрчала Бостонскиот маратон во 1967 година. Бројни биле притисоците, но и физички напади врз нејзе за да се откаже од намерата, но сите биле безуспешни.
Валентина Терешкова
Таа е прва жена што замина во вселената во 1963 година во рамки на вселенскиот брод Vostok 6. Терешкова со години работела како текстилен работник во фабрика, а имала необично хоби аматерско падобранство.
Амели Иархарт
Иархарт беше првата жена авијатичар што прелета преку Атланскиот океан во 1928 година. “Жените мора да се трудат да ги прават работите исто како и мажите. Ако не успеат, тој неуспех мора да биде предизвик за другите“, изјавила таа во една прилика. Мистериозно исчезна во текот на еден лет во 1937 година.
Елиса Замиферску
Таа е првата жена инженер. Таа дипломирала на Кралската академија за технологија во Берлин во 1912 година, откако била одбиена во нејзината родна Романија.
Стефани Кволек
Позната американска хемичарка која го открила материјалот Кевлар, што е непробоен материјал и затоа се користел за производство на панцири.
Људмила Павличенко
Во светот е позната како најдобрата и најпозната жена снајперист. Служела во Црвена армија, а поради нејзината прецизност го добила прекарот Lady Death.
Милунка Савиќ
Србинка која учествувала во Втората светска и Балканските војни. За да може да влезе во борбените редови, таа се преправала во маж.
Елиска Јункова
По потекло од поранешна Чехословачка, Јункова на светот му е позната како една од најдобрите жени возачи. Учествувала во трки со автомобили, каде што доминираат мажи, но успевала да ги победи.
Ирена Сендлер
Сендлер била медицинска сестра од Полска и хуманитарка којашто раководела со Движењето за отпор во Полска во текот на нацистичката окупација. Успеала да спаси над 2.500 деца од еврејско потекло, на кои им давала лажни документи за да можат да се спасат. Таа спасила најмногу Евреи во текот на холокаустот.
Фото: Pexels