Овој директор воведе минимална плата од 70.000 долари – што се случи пет години подоцна?

967

Ден Прајс е сопственик на компанијата Gravity Payments, кој пред пет години реши ниеден од неговите 120 вработени да не зeма плата помала од 70.000 долари годишно.

Оваа одлука го чинеше намалување на неговата лична заработка во износ од милион долари, но сепак ја спровел гледајќи дека многу луѓе се борат да преживеат со 40.000 или 50.000 долари и мораат да работат две работи.

На 31 година веќе беше милионер, а неговата компанија Gravity Payments, којашто ја започна уште во тинејџерските години, имаше 2.000 клиенти и вредеше милиони.

За да може на секој вработен да му обезбеди годишна заработка не помала од 70.000 долари, морал и самиот да поднесе финансиски жртви, па освен намалување на сопствената заработка морал да ги стави под хипотека своите две куќи и да се откаже од акциите. Без сомнеж, овој гест е за почит.

Пет години подоцна, ова се резултатите од неговиот потег

Износот на заработка е зголемен од 3,8 милијарди долари на 10,2 милијарди долари.
Но, постојат и други бројки на коишто е горд.

“Пред воведување на минимална плата имавме помеѓу нула и две новородени деца годишно, а за четири години се родени 40 бебиња“, вели Прајс.

Секој вработен може да купи свој стан. Претходно процентот бил помал од 1%, а сега 70% од вработените ги вратиле своите долгови.

Она што со цифри не може да се измери, а сепак е еден од ефектите е мотивираноста на вработените, бидејќи парите не им се на памет додека работат.

“Секој ден го гледаме ефектот“, вели Прајс.

Фото: Facebook